24фудбал

Солшер ја немал целокупната поддршка во Манчестер јунајтед за Халанд?

19 годишниот напаѓач тргна добро во своите настапи за германскиот тим од Дортмунд, а Манчестер јунајтед секако би требало да жали што пропушти шанса да го договори, таткото на фудбалерот индиректно посочи дека само Солшер би дециден во ставот да се ангажира Норвежанецот.

Англија

Манчестер јунајтед беше дел од трката за потписот на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, меѓутоа тој на крајот се реши за Борусија Дортмунд, а таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд тврди дека Премиерлигашот вината за пропаднатиот трансфер треба да си ја гледа во сопствените редови.

Никогаш не би знаеле што би се случило да се преселеше во друг клуб, никогаш нема да го добиеме тој одговор, но, среќни сме поради фактот што Халанд досега настапуваше во клубови каде забележа голем успех“ вели таткото на напаѓачот, а потоа индиректно посочи дека само Оле Гунар Солшер бил дециден во ставот да се ангажира Халанд.

Треба да одите во клуб каде целиот клуб ве посакува, а не само тренерот, сметам дека тоа е најважното, секако, во предвид се гледа и начинот на кој функционирал клубот изминатите пет или десет години, во која насока се движи“ додава тој.

Халанд запиша дури 12 погодоци зад своето име на 11 настапи за Борусија Дортмунд во сите конкуренции, дека станува збор за гол-машина, доволно говори и статистичкиот податок за неговите настапи во Салцбург претходно, а како за илустрација, од почетокот на новата сезона до јануари тој на 14 натпревари постигна 16 погодоци.