24фудбал

Абрахам го „предупреди“ Рашфорд: Подалеку од Санчо (ФОТО)

Вчера младата ѕвезда на Борусија Дортмунд го прослави својот 20ти роденден, доби честитки од многу свои колеги, меѓу кои и Маркус Рашфорд од репрезентацијата на Англија, меѓутоа следеше интересна шега од Тами Абрахам.

Англија

Џејдон Санчо е голема желба на Манчестер јунајтед, но во трката за неговиот потпис е вклучен и Челси, па нема дилеми во тоа дека ќе биде мошне интересно да се видат реакциите на обата Премиерлигаши во периодот кој претстои.

На Островот дури излезе и една шпекулација која вели дека во Манчестер јунајтед веќе се подготвени да му ја доделат „седумката“ на Санчо, а тој број на својот дрес го носеше Алексис Санчес, кој е во Интер на позајмица.

Како и да е, Челси сигурно нема лесно да се откаже од Санчо, а дополнително, вреди да се додаде дека „Сините“ од Лондон имаат богата каса за трансфери, а на шега, напаѓачот на Челси, Тами Абрахам испрати предупредување до својот колега од репрезентацијата на „Гордиот Албион“ и член на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.

Подалеку од мојот Џејдон“ му порача Абрахам на Рашфорд откако овој претходно му честиташе роденден на фудбалерот на Борусија Дортмунд.