24фудбал

ФИФА планира преоден рок за трансфери од јули до јануари

Фудбалот влезе во голема криза поради состојбата со пандемијата од коронавирусот, суспендирани се првенствата, одложени поголемите натпреварувања како Европското првенство, Копа Америка, а во ФИФА разгледуваат една доста интересна опција.

Останато

Ковид-19 го диктира темпото на настаните околу фудбалот на генерална основа, првенствата се суспендирани, а нивното продолжување зависи од тоа како ќе се развива состојбата со коронавирусот, а надежите дека ќе биде лесно да се заокружи актуелната сезона, од ден на ден спласнуват.

Сосема извесно е дека во една ваква ситуација е тешко да се очекува дека клубовите би имале соодветен преоден рок на лето, а од Светската фудбалска организација (ФИФА) работат во полна пареа на тоа прашање.

„Телеграф“ известува дека во ФИФА сериозно ја разгледуваат опцијата да воведат супер преоден рок за трансфери од јули до јануари, а на тој начин клубовите би имале можност да се вратат во бизнисот, меѓутоа во зависност од тоа со каков буџет располагаат, иако за очекување во едно вакво сценарио е „поголемите и помоќните“ да го зграбат најдоброто на пазарот од не толку моќните клубови.

Како и да е, веројатно е дека цените на пазарот ќе бележат опаѓање, многумина очекуваат драматичен пад, а екипите не би имале можност да инвестираат премногу во големи трансфери.