24фудбал

Четири германски клубови донираат за спас на останатите во Бундеслигата

Голем гест на солидарност во германската Бундеслига од четирите најбогати клубови, тие ќе им помогнат на останатите да ја надминат кризата.

Германија

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Баер Леверкузен донираат повеќе од 20 милиони евра за помош на нивните ривали од Бундеслигата, а од сумата ќе има и за екипите од втората лига во Германија.

Покрај здравствениот коронавирусот нанесе и голем финансиски удар во целиот свет, како и останатите страдаат и фудбалските клубови кои во моментов немаат приливи но имаат расходи кон вработените.

Богатата четворка се откажа од дел од парите кои требаше да им припаднат од ТВ правата и ги донираше на федерацијата која треба да ја направи распределбата на средствата до останатите клубови.

Поради актуелната состојба со коронавирусот многу од клубовите ги намалуваат платите на фудбалерите со цел да не ги отпуштат останатите вработени во клубот.

И играчите на Баерн Минхен ќе играат за помала плата без разлика што нивниот клуб има да одвои и за останатите помалку богати клубови од Германија.