24фудбал

Фудбалерите одбија намалување на платата па Динамо Загреб го отпушти целиот стручен штаб!

Ситуацијата со коронавирусот донесе голем потрес во Динамо Загреб, откако фудбалерите не прифатија намалување на платата, клубот удри по стручниот штаб.

Останато

Утринава се појавија информации од Хрватска дека фудбалерите на Динамо Загреб на чело со капитенот Аријан Адеми одбиле намалување на платата која клуб ја одреди како една од мерките за ублажување на ударот од финансиската криза поради коронавирусот.

Вечерва Динамо Загреб објави дека им врачил отказ на сите во стручниот штаб со исклучок на тренерот Ненад Бјелица.

Тоа се вкупно шест откази од клубот. Овие луѓе ќе ги задржеа своите работни места доколку фудбалерите го прифатија намалувањето на платите.

Се шпекулира дека поради оваа одлука можно е и тренерот Бјелица да си замине од клубот.

Ситуацијата во Динамо Загреб не е розева, преговорите меѓу раководството и фудбалерите не се одвиваат добро. Во наредните денови можни се уште потреси во хрватскиот гигант.