24фудбал

Кјелини како прав капитен им се јавил на сите играчи да им каже дека платата мора да се намали и понудил три опции

Медиумите од Италија пренесуваат дека Џорџо Кјелини им се јавил на сите играчи на Јувентус за да ги извести дека платите треба да се намалат, капитенот им понудил три опции.

Италија

Во последните неколку денови, актуелна тема во светот на фудбалот е кратењето на платите. Одредени клубови веќе најдоа решение, но многумина и понатаму не сакаат да се откажат од убавата заработувачка.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Џорџо Кјелини превзел иницијатива, им се јавил на сите играчи на Јувентус да ги извести дека платите мора да се намалат.

Капитенот им понудил три опции. Според првата, ќе стопираат платите додека трае суспензијата, и овие суми ќе се исплатат во иднина кога условите ќе го дозволат тоа.

Според втората, фудбалерите да се откажат од една или две месечни плати во зависност од тоа дали ќе финишира сезоната, односно една месечна плата доколку првенството продолжи и две месечни плати доколку првенството е перманентно суспендирано.

Според треатата, сите играчи треба да се откажат од една ипол месечна плата, без разлика дали сезоната ќе заврши или нема.