24фудбал

Тер Штеген: Ретко гледам фудбал, не ги знам ни имињата на фудбалерите

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген вели дека не гледа фудбал на телевизија, не ги знае имињата на играчите, ги памти само по движењата од анализите кои ги правеле.

Шпанија

Тер Штеген во изминатите години се промовираше во еден од најдобрите голмани во светот. Но Германецот не е заинтересиран многу за фудбалот надвор од она што мора да го одработи на тренинзите или да го одигра на натпреварите.

„Луѓето ми се смеат кога ќе им кажам дека не се разбирам од фудбал. Не гледам многу фудбал, гледам само ако натпреварот има некаква врска со мене или ако игра некој мој пријател. Понекогаш ќе ме прашаат за некој фудбалер, а јас не му го знам ниту името“, вели Тер Штеген.

„Пример во Ла Лига често ми се случува да не им ги знам имињата на играчите. Но потоа кога ќе ми покажат видео од нив, знам за кои се работи поради нивните движења на теренот“.

„Ги паметам играчите како се движат по теренот, како шутираат, како размислуваат бидејќи ги анализираме противниците, но не знам како се викаат“.