24фудбал

Фудбалерите месец дена ќе бидат одвоени од семејствата за да се финишира сезоната, Премиерлигата ќе се игра како СП

Медиумите од „островото“ откриваат нови детали за радикалниот план на Премиерлигата за финиш на сезоната, фудбалерите ќе треба месец дена да бидат одвоени од своите семејства, исто како и судиите, камерманите и целиот друг персонал потребен за ТВ преноси.

Англија

Поради пандемијата на коронавирус, фудбал не се игра никаде во Европа, освен во Белорусија. УЕФА го одложи Европското првенство за 2021 со цел да се овозможи сезоната да заврши подоцна од планираното, но како одминува времето, се појасно станува дека услови за фудбал ќе нема во блиска иднина.

Тоа што топката не се тркала на терените значи голема финансиска загуба за клубовите, ќе се креираат големи дупки во буџетите, па сите сакаат првенството да продолжи, иако во моментов никој не знае кога и како ќе продолжи.

Па затоа се прават и радикални планови за спас на сезоната. Индипенден вели дека изминатиов викенд клубовите од Премиерлигата во детали ја разработувале идејата сите 92 натпревари до крајот на сезоната да се играат без присуство на публика и натпреварите да се емитуваат на ТВ.

Тоа значи дека финишот на сезоната ќе се игра како Светско првенство, ќе има фудбал секој ден, мечевите ќе се играат на неутрален терен, а играчите месец дена ќе бидат одвоени од семејствата и ќе бидат во строга изолација во хотел со цел да се намили ризикот некој да се заразни со коронавирус.

Истото ова ќе важи и за целиот друг персонал на клубовите, како и судиите, ТВ камерманите и сите лице потребен за реализирање на ТВ преносите бидејќи и со еден позитивен случај на Ковид 19, ова сценарио паѓа во вода.

Натпреварите ќе треба да се играат во јуни и јули, а терените на кои ќе се игра веројатно ќе бидат во Мидлендс, односно централниот дел на Англија. Лондон исто така се посочува како опција.