24фудбал

Капитенот на Астон Вила ги повика луѓето да седат дома а тој излегол, цела ноќ се журкал, се опијанил и го удрил автомобилот

Џек Грилиш одново е во фокусот на вниманието поради испад надвор од теренот, капитенот на Астон Вила изминатиов викенд се журкал цела вечер, се опијанил и го удрил автомобилот.

Англија

Фудбалерот од средниот ред изминатиов период често е споменуван, но во делот од трансфер шпекулациите. Неговото име се поврзува со богат трансфер во Манчестер јунајтед и неколку други гиганти од Англија.

Сепак, тој сега одовно е во фокусот на вниманието поради испад надвор од теренот. Изминатиов викенд тој се журкал цела вечер, се опијанил и направил сообраќајка.

За работата да биде уште поголема, Џек Грилиш во саботата вечерта се огласил на социјалните мрежи за да ги повика своите следбеници да останат дома и на тој начин да помогнат во борбата со коронавирусот.

„За да помогнете во спасувањето животи, мора да останете дома. Излезете надвор само за да купите храна, лекови или да вежбата. И не заборавајте, држете растојани од два метри. Ова е важно, останате дома и спасете животи“ – гласеше видео пораката од дваесетина секунди.

Сепак, неколку часа подоцна, тој заминал кај свој пријател кој живее во предградие на Бирмингем, таму се задржал до раните утрински часови, а кога тргнал накај дома, со својот Рејнџ Ровер удрил во два паркирани автомобили.

Брзо се договорил со сопствениците да ја покрие штетата, но со оглед на тоа дека е познат фудбалер, веста стана топ тема на социјалните мрежи и медиумите, па полицијата сега го истражува случајот.