24фудбал

Бензема вели дека тој е формула 1, а Жиру е картинг, но статистиката кажува нешто друго

Карим Бензема излезе со арогантна споредба меѓу него и Оливие Жиру велејќи дека тој е формула 1 а напаѓачот на Челси е картинг.

Франција

Жиру со Франција го освои Светското првенство како прв напаѓач на галските петли, Бензема не беше повикан за мундијалот поради случајот со Валбуена, па напаѓачот на Реал Мадрид го нема златниот медал во својата витрина.

Тој денеска запрашан за споредба со Жиру, беше многу арогантен велејќи дека тој е Формула 1, а неговиот сонародник е картинг.

Но кога станува збор за настапи за француската репрезентација, Жиру има значително подобра статистика од Бензема.

Жиру има 97 одиграни натпревари и постигнато 39 голови, Бензема од 87 мечеви 27 пати ја тресел мрежата на противникот. 


На клупско ниво Бензема има значително повеќе трофеи од Жиру.