24фудбал

Газдата на Њукасл, Мајк Ешли престана да ги плаќа работниците во клубот

Мајк Ешли стана првиот газда во Премиерлигата кој престана да ги плаќа работниците во клубот.

Англија

Во поголемиот дел од клубовите се намалуваат огромните плати на фудбалерите со цел да се обезбедат плати за обичните работници во клубот.

Но, така не е во Њукасл. Контроверзниот газда Мајк Ешли не им ги намали платите на фудбалерите и нема да ги плаќа работниците додека трае кризата со коронавирусот.

Директорот во клубот, Ли Чарнли им испратил мејл на работниците велејќи им дека клубот нема да ги плаќа и ги советувал да ја побараат помошта од државата за коронавирусот.

Велика Британија има мерка дека ќе им плати 80% од платата на работниците, максимум до 2.500 фунти.

Многу од навивачите и легендите на Њукасл се срамат од ваквиот потег на Мајк Ешли, тој е милијардер кој не сака да им даде плата на луѓето кои работат кај него.