24фудбал

Суровата страна на фудбалот, Нури се разбуди од кома, Ајакс го извести дека соработката ќе биде прекината

Според пишувањата на медиумите од Холандија, од таборот на Ајакс ипратиле писмо до семејството на Абдел Нури со кое ги известуваат дека договорот на фудбалерот нема да биде продолжен.

Останато

Минатата недела пристигнаа убави вести од Амстердам, талентираниот Абдел Нури по речиси три години се разбуди од кома. Но само неколку дена подоцна до израз дојде суровата страна на фудбалот.

Ајакс испратил писмо до семејството за да ги извести дека ќе биде прекината соработката. Клубот од Амстердам решил да повлече еден ваков непопуларен потег бидејќи законот налага до 1. април да се решат сите прашања околку договорите кои истекуваат. Доколку не биде испратено писмо, автоматски ќе се активира опцијата за уште една додатна година.

Актуелниот шампион на Холандија изминативе години му исплаќаше плата на Абдел Нури, а ќе продолжи да го прави тоа и до 30. јуни, кога истекува договорот. Клубот е во преговори со семејството за да се најде начин како да помогнат во иднина (некои медиуми шпекулираат со компензација од 5 милиони евра).

Покрај Абдел Нури, писмо за прекин на соработката добиле и Клас јан Хунтелар, Рајан Бабел, Бруно Варела и уште голем број на млади играчи.