24фудбал

Таре вели дека прекинување на сезоната ќе значи катастрофа и порача: Мора да продолжиме во чест на жртвите од коронавирус

Директорот на Лацио, Игли Таре вели дека сезоната во Серија А мора да продолжи, во спротивно ќе биде вистинска катастрофа за клубовите.

Италија

Се уште е неизвесно дали воопшто ќе заврши сезоната во Италија. Оптимизам влеваат последните статистики кои велат дека бројот на новозаразени лица во оваа земја полека се намалува.

Игли Таре вели дека сезоната треба да се доигра во чест на луѓето кои го загубија животот од коронавирусот.

„Сезонава мора да биде комплетирана. Првенството мора да продолжи за почит на жртвите и сите фанови“, вели Игли Таре.

„Се уште не е дојдено време да се прогласи откажување. Бројот на новозаразени лица се намалува и не би било фер да прогласиме откажување сега“.

„За италијанскиот фудбал би било катастрофа да запреме тука“.

„Со сета сила ќе се бореме тоа да не се случи. Италијанскиот фудбал покрива 75% од финансиите на клубовите преку нивниот буџет од ТВ правата, доколку овие средства не легнат на нивните сметки, ќе дојде до колапс“.