24фудбал

Тотнем ги крати платите на 550 вработени во клубот, ама не и на фудбалерите

Премиерлигашот кој имаше одлични финансиски резултати во текот на годините поради континуираните успеси, објави кратење на платите за 20% за 550 вработени луѓе во клубот за април и мај, меѓутоа оваа мерка нема да допре до фудбалерите.

Англија

Првиот човек на Тотнем, Даниел Леви објави дека клубот воведува мерки за справување со кризата од коронавирусот, која сериозно навлезе во фудбалот од финансиски карактер.

Вработените во клубот ќе зимаат 20% пониски плати во наредните два месеци, меѓутоа оваа мерка на клубот не се однесува на фудбалерите, а самиот Леви посочи дека се уште се водат преговори околу платите на фудбалерите и стручните штабови, поточно на оваа тема разговараат Премиерлигата, клубовите и асоцијацијата на професионални фудбалери.

Донесовме доста тешка одлука, сесо цел да ги заштитиме работните места, меѓутоа ќе ги намалиме платите на персоналот на 20% за април и мај, континуирано ќе ја разгледуваме оваа ситуација, се надеваме дека преговорите кои ги обавуваат Премиерлигата, клубовите и асоцијацијата на фудбалери ќе донесе некаков епилог, а тренерите и фудбалерите ќе допринесат за подобрување на целокупниот фудбалски систем, не се сомневам дека ќе поминеме низ оваа криза, меѓутоа на животот ќе му биде потребен период за да се врати во нормален тек“ посочи Леви во дел од своето соопштение.

Претходниот месец Леви предупреди дека коронавирусот може да донесе сериозна криза од финансиски карактер, додавајќи дека многу клубови без разлика на тоа дали се големи или мали, ќе настрадаат во обидите да опстојат по оваа криза.