24фудбал

Линекер: Само оние кои не го сакаат Ливерпул сакаат сезоната да се поништи

Бројни се барањата актуелната сезона во Премиерлигата да биде поништена, пред неколку денови медиумите од Островот базирајќи се на извори од фудбалските власти пренесоа дека расте бројот на клубови кои се за опцијата сезоната да биде поништена, а имаше и анонимна изјава од висок функционер кој посочи дека 'се' е јасно што ќе се случи, има пандемија на светско ниво'.

Англија

Поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер тврди дека единствено оние навивачи кои не го сакаат Ливерпул, посакуваат актуелната сезона во Премиерлигата да биде поништена, со оглед на ситуацијата со коронавирусот.

Расте бројот на клубови во Премиерлигата за поништување на сезоната

Сите фудбалски возбудувања на Островот се суспендирани до крајот на април, а постојано се дискутираат сите можни сценарија за тоа како би можела сезоната да биде комплетирана, последното сценарио кое е можно да се оствари е преостанатите девет кола да се одиграат во два кампа во Лондон, меѓутоа јасно е дека ништо не е сигурно со оглед на брзото ширење на вирусот Ковид-19.

Јас сметам дека ние би сакале да ја комплетираме, сметам дека сето тоа има смисла, меѓутоа, целокупната ситуација е толку непредвидлива, а воедно и многу поважна од било што друго во овие моменти, тешко е да се предвиди кога сево ова би завршило“ вели Линекер.

Фудбалерите месец дена ќе бидат одвоени од семејствата за да се финишира сезоната, Премиерлигата ќе се игра како СП

Ние веројатно би биле во можност да играме повторно во јуни, без разлика дали ќе се игра без публика, иако фудбалот не претставува таква слика сам по себе, меѓутоа тоа би помогнало за сезоната да биде завршена“ додаде тој.

Тоа е сценарио кое сите посакуваат да се случи, освен оние навивачи кои не го сакаат Ливерпул, но, јас сметам дека тоа би било најкоректно за сите“ заклучи Линекер за „ТолкСпорт“.

Ливерпул е на само две победи до титулата во Премиерлигата по пауза од цели 30 години, составот на Јирген Клоп по 29 натпревари има 82 бода, односно 25 повеќе во однос на Манчестер Сити кој има и меч помалку.