24фудбал

Грилиш се извини, вели дека е засрамен, Астон Вила удри длабоко по неговиот џеб, а парите ќе ги донира (ВИДЕО)

Клубот од Бирмингем ја казни својата ѕвезда со две плати во износ од 150,000 фунти, истите парични средства ќе ги донира во болница, а Грилиш во видео обраќање упати јавно извинување, вели дека е засрамен.

Англија

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш јавно се извини поради скандалот кој го стори изминатиот викенд, откако најпрво во видео обраќање до јавноста побара сите да останат во своите домови и да ги почитуваат мерките на здравствените власти за Ковид-19, за потоа да замине на забава, а во враќањето до својот дом со своето возило удрил други возила.

Пирс Морган му порача на Грилиш да се засрами, Реднап побара казна поради глупоста на фудбалерот (ВИДЕО)

Фудбалерот за кого сепогласни се шпекулациите дека би направил трансфер во Манчестер јунајтед, во своето обраќање на социјалните мрежи тврди дека бил длабоко засрамен од тоа што го сторил, а поради неговите активности инаку реагираше и полицијата која го расветлува случајот.

Би сакал со оваа кратка видео порака само да кажам дека сум длабоко засрамен од тоа што се случи изминатиот викенд, знам дека ова е тежок период за сите, да бидеме затворени толку долго, јас добив повик од мој пријател да отидам кај него, јас донесов доста глупава одлука и прифатив да отидам“ вели 24 годишниот фудбалер на Астон Вила кој предизвика низа критики на своја адреса поради тој потег.


Не би сакал никој да ја повтори грешката која јас ја сторив, апелирам сите да останеме во своите домови и да ги следиме препораките и мерките кои се бараат од нас“ додаде тој.

Се надевам дека сите ќе го прифатат моето извинување и ние ќе продолжиме понатаму, исто така се надевам и дека за брзо ќе го поминеме овој период и ќе можеме да излеземе надвор“ заклучи Грилиш.

Меѓутоа, бројните барања на Островот за казна на фудбалерот од кого Астон Вила очекува богата финансиска инјекција од негова продажба, не го поколебаа клубот да и врачи драконска казна на својата ѕвезда која ќе биде олеснета за цели 150,000 фунти, или поточно, станува збор за две неделни плати кои тој ги заработува.

Астон Вила е длабоко разочарана што еден од нашите фудбалери ги игнорираше насоките на нашите власти кои се однесуваат на тоа да останеме дома во текот на кризата со коронавирусот“ се вели во соопштението на клубот.

Нашиот капитен Џек Грилиш прифати дека неговата одлука да го напушти својот дом била погрешка, јасно е дека препораките, мерките и задолженијата од институциите треба да важат за сите, фудбалерот ќе биде казнет за својата постапка, а паричните средства од овој случај ќе бидат донирани во болница во Бирмингем“ додаваат од Астон Вила, со што практично значи дека двете неделни плати на Грилиш (150,000 фунти) ќе бидат во хуманитарни цели.