24фудбал

Лагата која Родригез морал да му ја каже на Бенитез за да не му пропадне трансферот во Ливерпул

Поранешниот аргентински фудбалер лани ја заврши кариерата во својата земја, поточно во Њуелс Олд Бојс, меѓутоа открива една голема пикантерија во неговиот трансфер во Ливерпул, а за истиот да се реализира морал да го лаже Бенитез.

Англија

Добрите познавачи на фудбалот сигурно се сеќаваат на Макси Родригез, кој по петте успешни сезони во дресот на Атлетико Мадрид, во 2010. година потпиша за Ливерпул, а таму се задржа две сезони во кои на 57 натпревари успеа да запише 15 погодоци зад своето име.

Меѓутоа, за поранешниот аргентински фудбалер да стави потпис на договор со Ливерпул, тој морал да го излаже Рафа Бенитез, тогашниот предводник на „Редсите“, поточно, станува збор за потврда од негова страна дека говорел англиски јазик, а всушност единствено нешто што знаел да каже на англиски е – здраво.

Рафа ми рече дека е многу важно за сите да говорат англиски“ открива Родригез.

Кога ме праша дали знам англиски, јас му одговорив потврдно, му реков да не се грижи, не сакав преговорите да пропаднат па затоа морав да го излажам“ додава тој.

Но, кога пристигнав во клубот дојде редот за пресконференција, а Рафа ми рече дека прво тој ќе зборува, а потоа јас, меѓутоа јас му реков Слушај Рафа, единственото нешто што знам како да го изговорам на англиски е - здраво“ открива Родригез, а потоа додава и каква била реакцијата на Бенитез.

Рафа ми рече ти ку*кин сине, а потоа обајцата се смеевме за сево ова, а во периодот кој претстоеше јас научив да говорам англиски јазик“ заклучи Аргентинецот.