24фудбал

Навивачите на Борусија Менхенгладбах со генијална идеја доколку натпреварите продолжат пред празни трибини

За Борусија Менхенгладбах повторно се известува во една мошне позитивна конотација, најпрво беа фудбалерите со еден прекрасен гест кон клубот и работниците во него, а сега се говори за навивачите на овој клуб.

Германија

Постојат многу позитивни примери кај германските екипи во справувањето со финансиската криза предизвикана од коронавирусот, меѓутоа Борусија Менхенгладбах веројатно се издвојува од сите, поточно фановите на тој клуб.

Најпрво, тоа беше првиот клуб во Германија каде фудбалерите доброволно понудија дел од своите примања како помош за клубот и сите оние кои работат во него да ги задржат своите работни места, а овој пат од таму доаѓа една доста добра идеја.

Фудбалските возбудувања во Германија се суспендирани, па иако нема позитивни најави за тоа дека актуелната сезона би се комплетирала, па една секција навивачи на Борусија Менхенгладбах имаат идеја како би ја продолжиле сезоната, доколку истата продолжи се разбира.

Според зборовите на првиот човек за односи со јавност во Борусија Менхенгладбах, Томас Вејнман, во случај натпреварите да продолжат без публика на трибините, вистинските навивачи ќе бидат заменети со пластични фигури на трибините, а оваа идеја ќе се искористи воедно и за добротворни цели.

Немаме некои посебни очекувања, но, како и да е, со оваа идеја ќе помогнеме и на две помали компании во Менхенгладбах кои мораа да ги затворат своите продавници, нема да имаме никаков профит од ова, а кога војната ќе биде победена, сите ќе можеме да се вратиме на стадионот, сите ќе можат да го земат својот пластичен портрет како сувенир за еден неверојатен период“ вели Вејнман.

За 19 евра, секој навивач ќе има прилика да има сопствен портрет во пластична варијанта, од секоја поединечна продажба, 2 евра ќе одат во кампања за едно дете (Бен), за да тоа ги добие потребните медицински третмани, помош ќе има и за седум работници во фан клубот чии работни позиции се загрозени со тоа што не се игра фудбал.