24фудбал

Хорор ден за Ешли Кол, крадци влегле во неговиот дом, го врзале за стол и го ограбиле

Поранешната ѕвезда на Челси, Ешли Кол имал страшен момент во својот дом откако крадци го нападнале и го ограбиле.

Англија

Според англиските медиуми, маскирани крадци влегле во домот на Ешли Кол, му се заканувале и го врзале за стол, но физички не го повредиле. Украле вреден накит и си заминале.

Соседите го потврдиле непријатниот настан. Според нив полицијата брзо пристигнала во домот на Кол.

За дел од крадците очигледно не е проблем тоа што во периодот на коронавирусот сите се во изолација во своите домови.