24фудбал

Рушту имал тешкотии со дишењето, го загубил апетитот, кожата и усните почнале да му стануваат сиви

Сопругата на Речбер Рушту, Ишли го опишува тешкиот период низ кој минува славниот турски голман.

Останато

Речбер Рушту ја продолжува борбата со коронавирусот, поранешниот турски голман пред неколку денови беше хоспитализиран во болница со симптоми на коронавирус. Неговата е критична, но сопругата Ишли се надева дека најтешкото поминало.

„Последните 72 часа беа многу тешки и се надевам дека отсега ќе биде подобар. Сакам да им се заблагодарам на сите кои се со нас“, вели сопругата Ишли.

„Овој вирус е непознат за човечкото тело, раното откривање е многу важно за борбата. Вирусот брзо се развива во градите и создава пневмонија“.

„Изминатите 72 часа беа многу критични. Рушту имаше треска со денови. Симптомите не се појавуваа претходно. Наеднаш неговото тело стана слабо, чувствуваше замор, губење на апетитот. Неговата кожа и усните станаа сиви. Дишеше брзо, имаше тешкотии во дишењето, кашлањето не престана. Исто така не зборуваше и имаше нередовен пулс“.