24фудбал

Дибала откри како Роналдо реагирал кога му кажал дека го мразат во Аргентина

Пауло Дибала раскажа за необичниот разговор кој го имал со Кристијано Роналдо на едно патување, му кажал на ЦР7 дека во Аргентина го мразат а Португалецот само се насмевнал и порачал дека е навикнат.

Италија

Лео Меси и Кристијано Роналдо се лути ривали со години, голема е дебатата за тоа кој е подобар, односно кој е број 1 во светот, иако во Аргентина веројатно нема дилема по ова прашање.

Пауло Дибала, кој е еден ретките фудбалери кои имал прилика да игра покрај двајцата, сега раскажа за еден нобичен разговор со ЦР7. Тој бил прилично искрен и му кажал на Кристијано Роналдо дека го мразат во Аргентина а Португалецот се насмевнал и одговорил дека е навикнат на критики.

„Бев прилично позитивно изненаден од Роналдо како личност, не го познавав, а и никој од Јувентус не се познаваше со него. Сретнавме личност за која веројатно имавме друга слика, се работи за одлично момче, дружељубив и пријателски настроен во соблекувалната и надвор од неа. Секогаш подготвен за разговор, да ве ислуша...“ – вели Пауло Дибала.

„На едно патување, седнав до него да поразговараме. Му кажав, „Види, ќе бидам искрен, во Аргентина малку те мразиме, поради твојот лик, однесување, како одиш...“. Ме изненади со реакцијата, се насмевна и ми одговори, „Знам дека ме мразите, но јас знам каков човек сум, плус навикнат сум да добивам вакви критики““.