24фудбал

Жиру му одговори на Бензема: Јас сум светски шампион, како за картинг не е лошо

Карим Бензема арогантно го спореди Оливие Жиру со картинг, а напаѓачот на Челси убаво му одговори.

Франција

Пред некој ден Бензема изјави дека тој е Формула 1, а Жиру е картинг.

За безобразната споредба на Бензема следуваше одговор од Жиру.

„Луѓето велат дека не можете да споредувате Ф1 со картинг, се што имам да кажам е дека јас сум светски шампион, како за картинг не е лошо тоа“, изјави Жиру.