24фудбал

Ново одложување на натпреварот меѓу Македонија и Косово

Натпреварот од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово уште еднаш ќе биде одложен поради ситуацијата со коронавирусот.

Македонија

Важниот натпревар за пласман на Европското првенство требаше да се игра на 26 март во Скопје, но поради коронавирусот беше одложен за 4 јуни.

УЕФА веќе има донесено одлука за одложување на бараж мечевите од Лигата на нации, а на денешниот состанок со членките ќе бидат одредени и новите датуми.

Се претпоставува дека мечот може да се одигра од 3 до 8 септември кога е првиот термин на УЕФА за репрезентативни натпревари во новата сезона. Вториот е во октомври.

Во текот на денот се очекува УЕФА да ги потврди новите датуми за мечевите од Лигата на нации, но и за продолжението на Лигата на шампионите и Лига Европа.