24фудбал

Како малку да е што му плаќаат половина плата, Санчез кога ќе се врати во Манчестер јунајтед го чека богат бонус

Според договорот со Манчестер јунајтед, Алексис Санчез ќе треба да добие бонус за лојалност од 1,1 милион фунти кога ќе се врати на Олд Трафорд.

Англија

Интер нема да ја искористи опцијата да го купи Алексис Санчез, па тој од следната сезона повторно би требало да игра за Манчестер јунајтед.

Чилеанецот има огромна плата. Основните примања му се 375.000 неделно плус бонуси со кои може да достигне 500.000. Додека игра за Интер, половина од платата ја добива од Манчестер јунајтед.

Ако порано можеби имаше дилеми дали Интер ќе ја искористи можноста и ќе го откупи Санчез, повеќе нема таков момент. Поради финансиската криза создадена од коронавирусот, италијанскиот клуб нема да го ангажира Чилеанецот.

Тој ќе се врати во Манчестер јунајтед, каде што според договорот треба да го чека и бонус за лојалност од 1,1 милион фунти.

„Сите се свесни за платата и бонусите во договорот на Алексис Санчез. Тој не се снајде најдобро во Италија, но тие му плаќаат половина од платата во моментов. Имаме информации дека тие нема да го купат ниту да го потпишат на уште една позајмица“, изјави извор од Манчестер јунајтед за „Сан“.