24фудбал

Дибала: Состојбата е многу лоша, секој ден умираат многу луѓе, нема кој да ги лечи пациентите

Пауло Дибала во разговор со Фудбалската федерација на Аргентина проговори за ситуацијата во Италија, вели дека секој ден умираат многу луѓе, нема кој да ги лечи пациентите па на помош доаѓаат доктори од други држави.

Италија

Италија е најпогодената земја од Коронавирусот, има преку 105.000 позитивни случаи и над 12.400 смртни случаи. Пауло Дибала, кој е позитивен на Ковид 19, за Фудбалската федерација на Аргентина откри каква е состојбата.

„Многу луѓе умираат секој ден, состојбата е многу лоша. Нема кој да ги лечи пациентите, затоа многу земји испратија доктори. Не е лага, сите мораат да внимаваат. Луѓето мора да останат дома“ – вели напаѓачот.

За неговата состојба, тој додава: „Кашлав многу, бев заморен, и кога спиев имав грозница. Во прв момент не помислив дека може да сум заразен, но бидејќи двајца соиграчи беа позитивни, ме тестираа. Клубот ни даде витамини и со тек на време се чувствував подобар. Во прв момент бев исплашен, но сега се е во ред“.