24фудбал

Во прашање се 762 милиони фунти, па парите се пред разумот: Премиерлигата ќе се доигрува во Кина?!

Клубовите од Премиерлигата бараат решение за продолжување на сезоната, а најновата луда идеја вели мечевите да се играат 5.000 милји подалеку од Англија, односно во Кина.

Англија

Коронавирусот го суспендираеш фудбалот во Европа, се игра само во Белорусија, а Белгија е прва земја која објави дека првенството нема да продолжи. УЕФА пак инсистира сезоната да се доигра, и да не се избрзува со одлуки за крај.

Европската куќа на фудбалот верува дека во следните месеци ќе има услови за фудбал, но во моментов има многу прашалници за начинот под кој би продолжиле националните шампионати.

Сите прават најразлични сценарија, а медиумите од „островото“ пренесуваат дека еден клуб доставил луд предлог и Премиерлигата да се доигра 5.000 милји подалеку од Англија, односно во Кина.

На многумина ова им изгледа неразумно, но во прашање се многу пари. Доколку сезоната не се доигра, клубовите ќе останат покуси за 762 милиони фунти, пари од ТВ правата.

Клубовите од Премиерлигата денеска имаат нов состанок на кој ќе се дискутира за предлозите, но медиумите веруваат дека идејата за играње во Кина нема да добие поддршка.