24фудбал

Авионот на Лео Меси принудно слетал во Брисел!

Приватниот авион на Лео Меси вреден 13 милиони евра, денеска принудно слетал на аеродромот во Брисел поради дефект.

Шпанија

Лео Меси не бил во авионот кој утринава поради проблеми принудно слетал на аеродромот Завантем во Брисел.

Авионот патувал кон Тенерифе, но поради дефект имал итно слетување во Брисел во 9:18 часот. По помалку од час и половина повторно полетал, но пак дефектот не бил отстранет како што се мислело па повторно се вратил на аеродромот во Брисел.

По второто слетување авионот останал во Брисел, не стигнал до планираната дестинација.

Се уште нема информација колку луѓе биле во авионот.

На опашката од авионот стои бројот 10 на Меси. А на скалите при влезот се испишани имињата на неговата сопруга, неговите деца и неговото име.