24фудбал

Премерлигата одвои 20 милиони за здравствените работници, 125 милиони за ЕФЛ и побара играчите да прифатат 30% помала плата

Клубовите од Премиерлигата денеска едногласно изглaсаа да бидат донирани 20 милиони фунти за здравствените работници како и 125 милиони за клубовите од ЕФЛ и НЛ кои се погодени од кризата, бараат и играчите да прифатат 30% помала плата.

Англија

Премиерлигашите денеска имаа состанок на кој се разговараше за кризата која настана од пандемијата на коронавирс. Медиумите шпекулираа дека ќе се разгледуваат неколку сценарија за продолжувањето на сезоната, но во моментов нема точен датум за рестарт.

Сите се сложиле дека првенството нема да продолжи на почетокот од мајт, и дека топката ќе почне да се тркала само кога ќе биде безбедно и кога властите ќе дадат зелено светло.

Клубовите исто така едногласно изгласале да бидат донирани 20 милиони фунти за здравствените работници и нивната борба против Ковид 19, како и општините, семејствата и најранливите групи.

Ќе им се помогне и на клубовите од пониските категории кои имаат финансиски проблеми (втора, трета, четврта и пета лига), па за оваа цел е одобрен пакет од 125 милиони фунти за ЕФЛ и НЛ.

Денеска било разговарано и за болното прашање, односно милионските договори на играчите. Сите клубови се сложиле да биде побарано од фудбалерите да прифатат 30% намалување на годишната плата. На оваа тема ќе биде разговарано викендов со Асоцијацијата на фудбалери.