24фудбал

18 победи на 21 меч беа доволна препорака, Баерн го награди Флик со договор до 2023

Беарн Минхен попладнево соопшти дека Ханси Флик добил доверба да го води првиот тим и во иднина, стратегот ставил потпис на договор со трајност до 2023 година.

Германија

На почетокот од ноември, „баварците“ му врачија отказ на Нико Ковач и го именуваа Ханси Флик за нов тренер на привремена основа.

Се најавуваше пристигнување на звучно име, но 55 годишниот стратег импресионираше со својата работа, го подигна нивото на сите играчи, Баерн почна да ги меле противниците и беа забележани 18 победи на 21 натпревар.

Ова беше доволна препорака за раководството на клубот да му укаже доверба и да го награди Ханси Флик со нов договор до 2023 година.