24фудбал

Чеферин се закани: Белгија и тие што ќе го следат нивниот пример нема да играат во Европа!

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин испрати закана до клубовите од Белгија но и сите оние кои ќе решат да ги прекинат првенствата, ризикуваат да не добијат места во Лигата на шамиони и Лига Европа.

Лига на Шампиони

Белгија синоќа реши да стави крај на сезоната и да прогласи шампион според моменталната состојба на табелата. Ова не им се допадна на челниците на УЕФА, кои неодамна го одложија Европското првенство за да направат простор првенствата да се играат во јуни, јули па и август.

По одлуката на Белгија, европската куќа на фудбалот испрати писма до сите земји членки за да им порача дека приоритет е продолжуање на сезоната и дека во следните месеци ќе има услови за играње фудбал.

Сега се огласи и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин кој се закани и предупреди дека клубовите од Белгија и сите оние кои ќе го следат нивниот пример, ризикуваат да не играат во Лигата на шампиони и Лига Европа.

„Мислам дека одлуката е погрешна. Солидарноста не е еднонасочна улица. Не можете да побарате помош и потоа да одлучите што е најдобро лично за вас. Фудбалската федерација на Белгија, и сите оние кои мислат да го сторат истото, ризикуваат следната година да немаат учесници во Лигата на шампиони и Лига Европа. УЕФА сака сите првенства да завршат, дури и по цена да се игра пред празни трибини и во месеци како јули и август. Знам дека фудбалот не е ист без фановите, но секако е подобро да гледам фудбал на ТВ, наместо воопшто да нема фудбал“ – вели Александер Чеферин во разговор со ЗДФ.