24фудбал

Фудбалот донесе забрзано ширење на Ковид-19, тврди пензиониран француски доктор

Франција има до 11 март имаше 492 случаи на коронавирус, денеска таа земја брои 60,000 случаи, а досега дури 5,000 луѓе ги загубија своите животи во битката со вирусот.

Лига на Шампиони

Француски доктор инсистира на тоа дека дуелот помеѓу Лион и Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите во февруари предизвикал ширење на коронавирусот во Франција.

Марсел Гаригу-Граншам, пензиониран доктор од Лион, во интервју за „Газета дело Спорт“ наведува дека фудбалот на некој начин се покажал како забрзувач на ширењето на пандемијата со Ковид-19.

Тој натпревар не требаше воопшто да се игра, истиот донесе навивачи од цела Италија во Лион, фудбалот практично на некој начин се покажа како забрзувач на епидемијата“ вели тој во интервјуто за италијанскиот весник.

Докторот инаку јавно објави податоци кои покажуваат дека во и околу Лион настанала „експлозија“ од случаи на заболени од Ковид-19 само две седмици по тој натпревар.

„Ле Парисиен“ пак пренесе загриженост околу уште еден меч во Лигата на шампионите, поточно, станува збор за оној помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд на 11 март, меч кој иако се играше без публика на трибините, но, вон арената имаше над 5,000 домашни навивачи.

Што се однесува пак до дуелот помеѓу Лион и Јувентус, првата пресметка ја доби францускиот прволигаш со минимална победа, реваншот во Торино е одложен.