24фудбал

Нејмар донираше 880,000 евра во битката со коронавирусот

Првата ѕвезда на францускиот првак ја покажа својата позитивна страна директно приклучувајќи се во битката со пандемијата од коронавирусот, тоа го стори донирајќи во организација чиј е самиот тој промотор.

Франција

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се приклучи во битката за спречување на ширењето на коронавирусот, и тоа парично, донирајќи на сметката на „УНИЦЕФ“, организација која се грижи за хуманитарна помош, како и развој на деца, впрочем организација на која самиот тој е промотор.

Пред неколку денови, Бразилецот беше дел од кампања на социјалните мрежи за да се промовираат донации, објавувајќи фотографија со пораката: „Солидарноста мора да биде повеќе раширена отколку вирусот“.

Сега, Нејмар онираше 880,000 евра во „УНИЦЕФ“ во битката против коронавирусот, за што потврдува бразилскиот канал „СБТ“.