24фудбал

Пандев помага во својот град, донираше за струмичката болница

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев донираше средства за струмичката болница кои ќе се искористат за набавка на заштитна опрема за персоналот.

Македонија

Горан Пандев по примерот на големите светски спортисти донира во својот град за борбата против коронавирусот.

Фудбалерот на Џенова донирал финансиски средства во струмичката болница кои ќе бидат искористени за купување на заштитна опрема за медицинскиот персонал кој е директно изложен на зараза од вирусот.

Информацијата ја потврди директорот на струмичката болница, Наќе Гогов кој во изјава за локалниот портал „Дрнка“ изрази благодарност до Пандев, но не сакаше да ја открие сумата која е донирана.

Претходно Пандев заедно со останатите македонски фудбалски репрезентативци донираше финансиски средства во Фондот за здравствено осигурување.