24фудбал

Пирс Морган до Ливерпул: Срамота, вашите сопственици се американски милијардери, дали Клоп се согласи на ова?

Само пет Премиерлигаши засега своите работници ги препуштија на државна сметка по одлуката на тамошните власти да помогнат на погодените во кризата од коронавирусот која сериозно влијае и од финансиски аспект.

Англија

Ливерпул се здоби со лавина критики на своја адреса поради одлуката своите работници да ги препушти на државна сметка, искористувајќи ги мерките на тамошните власти кои покриваат 80% од платите на работниците погодени од кризата, односно до 2,500 фунти месечна плата.

Ливерпул своите вработени ги препушти на државна сметка, еден од нив порача дека ова е срамен потег

Останатите 20% од нивните плати од Ливерпул посочија дека ќе им ги исплатат, со тоа што работниците ќе го зимаат целиот 100% износ од сопствените плати, меѓутоа на Островот бурни реакции на оваа одлука од клубот кој минатата година оствари огромен профит од над 42 милиони фунти пред одданочувањето, а воедно и објави пораст на прометот за цели 533 милиони фунти минатиот месец.

Карагер е шокиран и разочаран од раководството: За жалење е овој Ливерпул!

Пишувајќи на социјалните мрежи на оваа тема, познатиот водител и презентер Пирс Морган јавно упати критики до Ливерпул, особено поради фактот што тој клуб е во сопствеништво на милијардерското сопствеништво на американската асоцијација „Фенвеј Спортс Гроуп“.


Срамота, вашите сопственици се американски милијардери, вие не би требало да ги користите парите од британските даночни обврзници на овој начин. Дали Јирген Клоп се согласи на ова?“ запраша Морган за тоа дали тренерот на „Редсите“ дал согласност на таа одлука на клубот.

Ливерпул со својата одлука се стави во друштво на Њукасл, Тотнем, Борнмут и Норвич, останатите клубови од Премиерлигата засега оддолеаа на мерките на тамошните власти.