24фудбал

Ден пред да држи лекции за луѓето да останат во своите домови, Вокер организирал секс журка

Од Манчестер Сити го потврдија случајот, а воедно посочија дека е отворена дисциплинска постапка за фудбалерот, него сигурно го чека казна од актуелниот англиски првак.

Англија

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кајл Вокер ја разбрани јавноста на Островот откако организирал секс-журка во својот дом со две ескорт девојки, во период кога Англија е на некој начин „затворена“ во пандемијата со коронавирусот.

29 годишниот фудбалер на „Граѓаните“ и англиски репрезентативец, со еден свој пријател ангажирале две девојки за кои платиле 2,200 фунти, едната 24 годишна Бразилка, а другата Англичанка, втората е Луис МекНамара, 21 годишна девојка која е студент по криминологија, а токму втората го откри скандалот за „Сан“.

Не заборавајте да останете во вашите домови, заштитете го медицинскиот персонал и спасете човечки животи со тоа“ гласеше пораката на Вокер кон своите 1.7 милиони следбеници на „Инстаграм“, а ден претходно Вокер сторил нешто сосема спротивно од неговите препораки до јавноста.

Тој е хипокрит, ги става луѓето под ризик“ изјави МекНамара за „Сан“, која инаку е мајка на едно дете, а сведочи дека не го препознала Вокер, таа работи за една агенција, а во пораката од нејзиниот претпоставен било посочено дека се работи за „лице од висок профил“.

Од една страна тој повикува непознати лица во својот дом за секс, а идниот ден тој им држи лекција на сите дека треба да бидат безбедни и да се однесуваат одговорно“ додава таа во изјавата.

Вокер се извини до јавноста за овој скандал, тврди дека ја разбира неговата позиција како професионален фудбалер кој треба да биде пример за останатите.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да и се извинам на целокупната јавност за мојот избор кој го сторив претходната седмица, ја разбирам мојата позиција како професионален фудбалер која носи многу одговорност, како и тоа дека треба да бидам пример за останатите, исто така би сакал да му се извинам и на моето семејство, пријателите, клубот, навивачите и јавноста која ја оставив на цедило во овој случај“ посочи Вокер.

Од Манчестер Сити потврдија дека отворена е дисциплинска постапка за фудбалерот, а одлуката ќе падне во деновите кои претстојат.