24фудбал

Кулушевски го „брка“ Бернардески од Јувентус

Според „Скај Спорт Италија“, Федерико Бернардески ќе си замине од Јувентус ова лето бидејќи на негово место од следната сезона ќе игра Дејан Кулушевски.

Италија

Кулушевски уште во јануари потпиша за Јувентус во трансфер вреден 35 милиони евра, но до крајот на сезоната ќе продолжи да игра за Парма, а потоа ќе се пресели во Торино.

Според италијанскиот трансфер експерт „Џанлука Ди Марцио“, пристигнувањето на Кулушевски во Јувентус ќе значи заминување на Бернардески.

Тој во Јувентус пристигна во 2017 година за 40 милиони евра од Фиорентина, но под водство на Маурицио Сари не импресионираше иако беше пробан на повеќе позиции.

Се шпекулира дека заинтересиран за Бернардески е Милан.