24фудбал

Тиаго Силва сака да се врати во Милан, но има еден проблем

Тиаго Силва ќе си замине од ПСЖ ова лето кога неговиот договор со францускиот клуб ќе заврши, една од можните следни дестинации е враќање во Милан.

Италија

Централниот дефанзивец во септември ќе наполни 36 години, тој нема да ја продолжи соработката со ПСЖ и ќе замине на лето.

Бразилецот отсекогаш зборувал за љубовта кон Милан и посакува да се врати на Сан Сиро како што тоа го направи Ибрахимовиќ.

Но, „Тутоспорт“ пишува дека барањата за плата на Тиаго Силва се преголеми, Милан не е во можност да му ги понуди парите кои ги сака поради фактот што клубот има проблем со финансискиот фер плеј и буџетот им е ограничен.

Тиаго Силва од 2009 до 2012 играше за Милан, а потоа премина во ПСЖ за сума од 42 милиони евра.