24фудбал

Јувентус е подготвен да жртвува тројца фудбалери за да го врати Погба, но можеби и тоа нема да биде доволно

Јувентус е подготвен да продаде тројца играчи за да собере пари за да го врати Погба, но Реал Мадрид и понатаму е фаворит за неговиот потпис.

Италија

Погба сака да си замине од Манчестер јунајтед и голема е веројатноста тоа да се случи во летниот преоден рок. Во трка за неговиот потпис се Реал Мадрид и Јувентус.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус е подготвен да продаде тројца играчи за да собере средства за ангажман на Погба.

Еден од нив е Мирлаем Пјаниќ, Сари во Бентакур веќе има негова замена во составот.

Втор на листата е Бернардески кој речиси сигурно ќе замине, Кулушевски е веќе играч на Јуве и тој ќе биде неговата замена.

Третиот играч кој би бил продаден е Даглас Коста.

Но парите може и да не бидат доволни да се купи Погба, се верува дека Реал Мадрид се уште е фаворит за потписот на Погба.

Агентот Мино Рајола рече дека сака да му донесе голема ѕвезда на Реал Мадрид, се верува дека мислел токму на Погба.