24фудбал

Баерн Минхен им се врати на тренинзите, но тие се поинакви од вообичаените (ФОТО)

Баерн Минхен почна повторно да тренира, Баварците денеска го имаа првиот тренинг по застојот поради коронавирусот.

Германија

Тренингот на Баерн Минхен се одвиваше со почитување на мерките за социјална оддалеченост. Фудбалерите тренираа во помали групи раздалечени еден од друг.

Клубот соопшти дека ги запазува и сите предвидени хигиенски регулативи.

На тренинзите присуствуваат само луѓето кои се неопходни за да се реализира тренингот.