24фудбал

Мајката на Гвардиола починала од коронавирус

Манчестер Сити соопшти дека мајката на Пеп Гвардиола починала од коронавирус.

Шпанија

Клубот на твитер излезе со тажно соопштение во кое информира дека Пеп Гвардиола ја загубил својата мајка поради коронавирусот.

„Манчестер Сити фамилијата со голема тага информира дека денес почина мајката на Пеп, Долорс СалаКариовоМанреса, Барселона од коронавирус. Таа имаше 82 години. Сите поврзани со клубот испраќаат сочувство во овој страшен момент за Пеп, неговата фамилија и неговите пријатели“, се вели во соопштението на Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола минатиот месец донираше еден милион евра во Шпанија за борбата против коронавирусот.

По бројот на случаи на коронавирус Шпанија е втората најзагрозена земја во светот, прва е САД.