24фудбал

Почина Радомир Антиќ, тренерот кој испиша историја со Атлетико Мадрид

На 71 годишна возраст во Мадрид почина легендарниот српски фудбалер и тренер Радомир Антиќ.

Шпанија

Атлетико Мадрид потврди дека го загуби тренерот кој им го донесе најголемиот успех во историјата, Радомир Антиќ почина на 71 годишна возраст. Засега е непознато дали станува за смрт предизвикана од коронавирус.

Тој е единствениот тренер кој ги водел сите три најголеми шпански клуба, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.

Особено е значаен за Атлетико Мадрид, во сезоната 2005-2006 им ја донесе единствената двојна круна во историјата освојувајќи ја Ла Лига и Купот на Шпанија.

Тој речиси целата своја тренерска кариера ја помина во Шпанија, каде освен големата тројка ги водеше и екипите на Сарагоса, Овиедо и Селта. Од 2008 до 2010 беше селектор на Србија, а на крајот од кариерата замина за Кина во екипите на Шандонг Луненг и Хебеи Кина Фортјун.

Како фудбалер најголем дел од кариерата помина во Партизaн, а играше и за Фенербахче, Сарагоса и Лутон.