24фудбал

Премиерлигата би можела да продолжи во јуни, под строго контролирани услови, без публика

Се кројат планови за тоа како да продолжи Премиерлигата за да се комплетира актуелната сезона која во моментов е суспендирана како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Англија

Во Премиерлигата наводно имаат привремен договор за тоа кога би продолжиле фудбалските возбудувања во тој шампионат, а според информациите кои пристигнуваат, се вели дека тоа би можело да се случи во јуни

Како што пренесе „Мирор“, на итниот состанок во петокот за планот дискутирале и властите на Островот, идејата е натпреварите да бидат одиграни на лето во строго контролирани услови, а секако истите да бидат одиграни без публика.

Со тоа фудбалерите би биле изолирани максимално што е потребно за да се ограничат секакви контакти со „надворешниот свет“.

„Мирор“ додава и за очекувањата на здравствените власти на Островот кои се надеваат дека пикот од коронавирусот во Обединетото Кралство ќе се случи во идните седмици, што би креирало ситуација каде натпреварите би можеле да бидат многу побезбедни на лето.

Ливерпул е на прагот да дојде до титулата во Премиерлигата по пауза од цели 30 години, со оглед на фактот што им се потребни уште само две победи на девет кола до крајот на првенството.