24фудбал

Сон ќе маршира 30 километри со опрема тешка 40 килограми на себе, а го чека и една исклучително тешка вежба

Медицинскиот персонал во случај да има потреба, ќе му пружи и третман на фудбалерот на Тотнем со оглед на скршеницата на неговата рака, од Премиерлигашот во соопштението претходно објавија дека Сон ќе се врати во Лондон во текот на идниот месец.

Англија

Хенг Ми Сон е во Јужна Кореја каде треба да ја отслужи воената обврска, а со оглед на паузата во Премиерлигата, ова е идеална можност за ѕвездата на Тотнем да ја заврши оврската кон својата земја.

„ЕСПН“ пренесе за програмата по која 27 годишниот Сон ќе ја отслужува својата воена обврска кон државата, тој ќе биде изложен на солзавец, ќе учествува во вежби за гаснење на пожари во живо, а воедно го очекуваат и цели 30 километри марширање во трите седмици кои ќе ги помине во војската овој месец.

Сите способни лица во Јужна Кореја имаат обврска на служење војска во период од две години, таа земја „технички“ се уште е во војна со Северна Кореја, меѓутоа Сон доби исклучок за тоа што ја предводеше својата земја до златото на азиските игри пред две години.

Локални медиуми во Јужна Кореја јавуваат дека практично обврски на Сон започнуваат на 20 април, и тоа во единицата на морскиот корпус, во јужниот дел од земјата, поточно во најужниот остров Жежу.

Официјални претставници на морскиот корпус потврдија дека Сон ќе добие скратена верзија на својата обврска, што воедно вклучува и дисциплинско образование, борбени вежби, хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни.

CBRN програмата, која се состои од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни вежби е всушност најтешкиот дел од воената обврска за Сон.

Што се однесува до маршот од цели 30 километри, Сон на себе ќе мора да носи опрема тешка 40 килограми, меѓутоа истата може да биде дури и потешка, во зависност од програмата.