24фудбал

Занети се обрати со писмо до навивачите на Интер, потсети на магијата на Пандев (ВИДЕО)

Легендата на „Нероаѕурите“ им се обрати на сите навивачи на тој клуб ширум светот по повод една деценија по тројната титула, а во писмото, потпретседателот на италијанскиот прволигаш открива дека со своите три деца го одгледале и дербито со Интер пред десет години во кое нашиот Горан Пандев имаше вистинска магија од слободен удар.

Италија

Хавиер Занети, вистинска легенда на Интер со 615 настапи за италијанскиот прволигаш во кои постигна и 12 погодоци, велат дека во денешниот фудбал реткост е да проследите фудбалер од таква класа кој останал во клуб цели 19 години, 46 годишниот Аргентинец е еден од ретките секако по тоа прашање.

На официјалниот клупски сајт на Интер излезе писмо на Занети, по една деценија од историскиот успех со тројната титула, а истото е адресирано до сите навивачи на тој клуб во кое тој опширно објаснува за успесите на клубот, истото го завршува со повик за продолжување на градењето на Интер како клуб, односно неговиот развој.

Тоа што за нас македонските љубители на фудбалот е интересно е секако делот во кој Занети наведува дека со своите три деца гледале неколку натпревари од историската сезона за Интер во 2010. година, а го посочи мечот против Милан кој Интер го доби со 2-0, а победата ја потврди нашиот Горан Пандев со мајсторија од слободен удар, гол што посебно им го потенцирал на своите деца.

Имам три деца, Сол (ќерка), Игнасио и Томас, деновиве ги поминуваме заедно на кревет, гледаме натпревари од 2010. година, ја гледавме и победата во дербито против Милан, и му велам на Томи, кој инаку никогаш не ме гледал како играм: ‘Гледај што прави Милито сега, или Погледни го голот на Пандев од слободен удар, а потоа ќе се прегрнеме, тој има само осум години, ја проучува нашата историја“ пишува Занети во своето писмо.


Кога сме веќе кај тој гол на капитенот на нашиот национален фудбалски состав, би било убаво да потсетиме на развојот на настаните во тој гол, за што сведочи и изјавата на Хавиер Занети.

Тоа беше класично дерби со Милан, ние водевме 1-0, а Мурињо сакаше да го повлече од игра Пандев“ вели Занети, а потоа се придодава и токму Жозе Мурињо.

Кога требаше да се случи замената, дојде до слободен удар, позиција која можеше да донесе нешто, дотрчав до четвртиот судија и му реков дека не сакам да ја реализирам замената пред слободниот удар, ние имавме десет фудбалери на теренот (претходно, 27. минута Снајдер заработи црвен картон)“ вели Мурињо, кој подоцна гестикулираше кон сите „Бев во право, овој гол е мој“, алудирајќи на одлуката да го остави Пандев да го изведе слободниот удар, за потоа да го замени.