24фудбал

Интер и Јувентус ги повикаа фудбалерите кои не се во Италија да се вратат

Интер и Јувентус ги повикуваат своите фудбалери кои се надвор од Италија да почнат да се враќаат со цел да бидат подготвени за продолжението од сезоната.

Италија

Интер ги повика своите играчи кои не се во Милано да се вратат. „Газета дело Спорт“ пишува дека Ериксен и Јанг се дојдени и се во изолација, а остатокот треба да дојде најдоцна до 13 април.

И Јувентус им порачал на своите фудбалери после католичкиот Велигден да се вратат во Торино.

Кристијано Роналдо, Гонзало Игуаин, Даглас Коста, Данило, Алекс Сандро, Миралем Пјаниќ, Сами Кедира, Адриен Рабио и Војчех Шчесни се во своите земји.

Враќањето на тренинзите е планирано за крајот на април или почетокот на мај, но фудбалерите кои ќе пристигнат во Италија треба да поминат 14 дена во карантин пред да може да почнат да функционираат нормално.