24фудбал

Моментот кога Роналдињо дозна дека ќе го напушти затворот (ВИДЕО)

Се појави видео со моментот кога Роналдињо ја слуша одлуката дека ќе го напушти затворот и ќе се брани од слобода.

Јужна Америка

Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо пред неколку дена излезе од затворот во Парагвај во кој беше од средината на март поради влез во земјата со фалсификуван пасош.

По престој од 32 дена во затворот, Роналдињо беше пуштен со кауција од 1,3 милиони евра да се брани од слобода. Тој сега ќе биде сместен во куќен притвор, во луксузен хотел во Парагвај со неспоредливо подобри услови од таму каде што беше досега.

Парагвајските телевизии објавија видео од моментот кога Роналдињо дознава дека ќе го напушти затворот.