24фудбал

Француската Лига 1 ќе биде прекината, во Франција нема да има спорт до септември

Француската Лига 1 е првата голема фудбалска лига која нема да се доигра откако премиерот на оваа земја објави дека нема да има спорт заклучно со месец август.

Франција

Францускиот премиер Едвард Филип објави дека спортот е суспендиран во земјата се до септември, нема да може да има спортски настани и без публика поради актуелната ситуација со коронавирусот.

„Сезоната 2019-2020 во професионалниот спорт, вклучително и фудбалот, нема да продолжи. Можно е во сончевите денови да има надворешни индивидуални спортски активности, при кои јасно е дека треба да се почитуваат правилата на социјална оддалеченост“, вели премиерот на Франција.

Француската фудбалска федерација веројатно заедно со клубовите дополнително ќе треба да одлучат како ќе биде заклучена сезоната, дали ќе биде прогласен шампиони дали ќе има испаѓање и влегување на нови екипи.

„Л'Екип“ се прашува што ќе биде со ПСЖ и Лион кои треба да играат во Лигата на шампионите. Нивните натпревари сигурно нема да може да се играат во Франција, веројатно ќе треба да побараат неутрален терен и држава во која ќе треба да престојуваат додека учествуваат во натпреварувањето.