24фудбал

ТВ права: Споредбата помеѓу Хадерсфилд и ПСЖ доволно говори...

Од поодамна е јасно дека Англичаните поставија толку високи стандарди со што се оддалечија далеку од останатите, меѓутоа високите стандарди сега им носат сериозни последици од неможноста да играат во пандемијата со коронавирусот, медиумите направија една доста интересна споредба.

Франција

Како што е познато, актуелната сезона во францускиот фудбалски шампионат се затвори предвреме, со оглед на последната одлука на тамошните власти кои јасно посочија дека спорт во таа земја нема да има до септември.

Нема дилеми дека фудбалските клубови ќе доживејат тежок удар, од финансиски карактер секако, меѓутоа, тоа не е ништо во споредба со англиските клубови, па веќе се прават одредени споредби на таа тема.

Како за илустрација, „Лиг 1“ генерално ќе загуби 175 милиони фунти, базирајќи се на средствата кои се влеваат во тоа првенство од ТВ правата, на оваа тема, италијанскиот весник „Калчо е Финанса“ минатиот месец пренесе дека „Лиг 1“ ќе загуби помеѓу 90 до 175 милиони фунти (100-200 милиони евра) во случај сезоната да не успее да се комплетира.

Меѓутоа, овие бројки воопшто не се ни близу до бројките кои се вртат во англискиот фудбал, од поодамна е јасно дека на Островот поставија толку високи стандарди во секој поглед што е невозможна мисија за останатите да го следат тој пример, барем до моментов, но тоа носи и сериозни последици за нив во кризата со коронавирусот.

Како за илустрација, клубовите од „Премиерлигата“ ќе останат без 750 милиони фунти во случај да не можат да ја рестартираат сезоната, а најмногу од оваа причина на Островот се прават крајни напори за да се спушти завесата во тој шампионат на терените, а не на маса, како што тоа го сторија во Франција, Белгија, како и Холандија.

„БеИН Спортс“ веќе ги замрзна исплатите за најсилниот фудбалски шампионат на Франција по самата суспензија, но таму клубовите ниту одблизу нема да се соочат со таков удар, како што тоа би можело да им се случи на англиските.

Медиумите отидоа дотаму во споредбите, со што наведоа дека ПСЖ лани од ТВ права доби 49.7 милиони фунти, а Хадерсфилд, кој инаку лани заврши на последното место на табелата во „Премиерлигата“ заработил близу двојно повеќе од францускиот гигант, или поточно 96.6 милиони фунти.

За крај, ќе додадеме дека ПСЖ лани освои 91 бод во „Лиг 1“ во една апсолутна доминација во најсилниот шампионат на Островот, со 29 победи од 38 меча, Хадерсфилд пак, остана закован на дното од „Премиерлигата“ со само 16 освоени бодови, односно три победи од 38 меча.