24фудбал

Паднала одлука: ПСЖ е нов шампион на Франција, Ним и Стојановски остануваат во елитата

Медиумите од Франција пренесуваат дека ЛФП и клубовите постигнале согласност за разврската на сезоната, ПСЖ ќе биде прогласен за шампион а Амиен и Тулуз ќе се преселат во втора лига.

Франција

Владата на Франција го забрани спортот во државата до септември, па Лига 1 мораше да биде прекината. Изминативе денови имало серија состаноци за тоа каква ќе биде разврската, и неколку медиуми пишуваат дека конечно бил постигнат компромис помеѓу ЛФП и клубовите.

ПСЖ ќе биде прогласен за шампион, а Амиен и Тулуз ќе се преселат во втора лига. Тоа значи дека Ним на македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски ќе се спаси и ќе остане во елитата. Пласман од Лига 2 во Лига 1 ќе изборат Лориен и Ленс.

Во Лигата на шампиони ќе играат ПСЖ, Марсеј и Рен, додека пак во Лига Европа учество ќе добијат Лил, Ремс и Ница.