24фудбал

Мурињо откри кога плачел после пораз, само еднаш му се случило тоа

Во интервју за „Марка“, Жозе Мурињо откри дека еднаш во тренерската кариера плачел после пораз, тоа било додека го водел Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

На Мурињо му било многу тешко да го прифати поразот на Реал Мадрид од Баерн Минхен во 2012 година

Тогаш под негово водство кралскиот клуб изгуби на Бернабеу на пенали од Баерн и не се пласираше во финалето каде требаше да игра против Челси и да се бори за „Ла Децима“.

„За жал, таков е фудбалот. Кристијано, Кака и Серхио Рамос... три тотални чудовишта во фудбалот, немам сомнеж за тоа, но и тие се луѓе“, вели Мурињо за „Марка“.

„Таа ноќ е единствениот случај во мојата тренерска кариера кога плачев по пораз“.

„Се сеќавам добро... Аитор Каранка и јас застанавме пред мојата куќа, во колата, плачевме...“.

„Беше многу тешко бидејќи бевме најдобриот тим таа сезона“.